Breaking News

Посебен режим на сообраќај во Скопје


Во централното градско подрачје во Скопје денеска од 9:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим поради одржување синдикален протест. -Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.


„Мирче Ацев“–ССМ, ул. „Филип Втори Македонски“, десно по ул. „Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул. „ВМРО“ и лево по бул.


„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, информираат од МВР.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.


МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот. дма/аа/Фото: МИА архива .

Извор: МИА