Breaking News

Посебен режим на сообраќај денеска и утре на дел од бул. „Илинден“ во Скопје


Секторот за внатрешни работи Скопје информира дека поради подготовки и одржување митинг, почнувајќи од денеска до утре односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот.


Како што е соопштено, за сообраќај ќе биде затворен дел од бул. „Илинден“, на потегот од мост „Гоце Делчев“ до бул. „Климент Охридски“, во двата правца.


 -Во текот на утрешниот ден, по потреба, ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје, информира СВР Скопје и  апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се случува настанот.

хс/дма/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА