Breaking News

Пораст на случаите на сифилис во САД


Стапката на заразни случаи во САД се зголеми за еден процент во 2022 година, според новиот извештај на федералната влада за сексуално преносливи болести кај возрасните.


Единствено, стапката на нови случаи на гонореја е намалена за прв пат по една деценија.


-Не е јасно зошто бројот на случаи на сифилис пораснал за девет отсто, додека случаите на гонореја се намалиле за истиот процент, изјавија официјални лица од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), додавајќи дека е премногу рано да се знае дали се појавува нов тренд на намалување за последната болест.

Тие најмногу се фокусираат на сифилисот, кој е поретко од гонореја или кламидија, но се смета за поопасен.


Вкупниот број на случаи надмина 207 илјади во 2022 година, најмногу во Соединетите држави од 1950 година, според вчера објавените податоци.

-И додека продолжува несразмерно да ги погодува хомосексуалците и бисексуалните мажи, почесто се појавува кај хетеросексуалните мажи и жени и сè повеќе ги погодува новороденчињата, велат претставници на ЦДЦ.


Сифилисот е бактериска болест која може да се појави како безболни рани на гениталиите, но на крајот може да доведе до парализа, губење на слухот, деменција, па дури и смрт доколку не се лекува.

Новите инфекции со сифилис нагло паднаа во САД почнувајќи од 1940-тите, кога антибиотиците станаа широко достапни, а најниското ниво беше забележано во 1998 година.


Во текот на 2022 година се регистрирани 59 илјади случаи на најзаразната форма на сифилис. Од нив, околу една четвртина биле жени, а речиси една четвртина биле хетеросексуални мажи.

мс/фото: National Institute of Allergy and Infectious Diseases за „Unsplash. com“ .

Извор: МИА