Breaking News

Поранешниот шеф на кинеската дипломатија сменет поради наводна вонбрачна афера


Поранешниот кинески министер за надворешни работи Чин Ганг, сменет од таа функција во јули, имал вонбрачна врска додека служел како амбасадор во Соединетите држави, објави Волстрит џурнал.


Чин соработувал во истрагата, која сега е фокусирана на тоа дали аферата или однесувањето на Чин ја загрозиле националната безбедност на Кина.


На високи кинески функционери им било кажано дека внатрешната истрага на Комунистичката партија покажала дека Чин се вклучил во аферата додека бил амбасадор на Кина во САД.

Чин беше сменет во јули од страна на ветеранот, дипломат Ванг Ји како министер за надворешни работи, откако Чин беше отсутен еден месец по едвај половина година на функцијата. мс/ .


Извор: МИА