Breaking News

Поранешниот пакистански премиер Имран Кан и неговата сопруга обвинети за поткуп


Пакистанскиот суд денеска покрена обвинение против поранешниот премиер Имран Кан и неговата сопруга Бушра поради тоа што добивале земјиште како поткуп, во време додека тој бил премиер, јави пакистанската телевизија Гео њуз.


Кан (71), кој е во затвор од август поради други кривични дела и претходно ги негираше обвиненијата.


Тој е обвинет и за два други случаи поврзани со корупција, за кои му е забрането да учествува во политиката 10 години. Судењето се одвива во просториите на затворот.

Двајцата се изјаснија за невини, соопшти неговата партија. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА