Breaking News

Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Поради одржување на атлетска трка утре од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.


Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.


„Гоце Делчев“ и се продолжува по десната коловозна лента на бул. „Илинден“ се до крстосницата со улицата „МАНАПО“ и назад по истата коловозна лента.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по околните сообраќајници, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.


вј/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА