Breaking News

Поради протестите на полските земјоделци, Украина е подготвена да го ограничи извозот во ЕУ


Украина е подготвена да го ограничи извозот на храна во Европската унија со цел да се ублажи загриженоста на полските земјоделци, изјави заменик-министерот за економија на Украина, Тарас Качка.


Тој посочи дека Киев може да користи алатки кои ќе го стабилизираат наглото зголемување на извозот во ЕУ.


-Ќе прифатиме извозот да не расте толку брзо и ненадејно како претходните години, рече Качка, додавајќи дека предвидливоста на пазарот во моментов е поважна за украинските производители отколку „агресивната експанзија“.

Полскиот премиер Доналд Туск вчера изјави дека неговата влада размислува за привремено затворање на границата за трговија со Украина доколку Варшава не постигне договор со Киев со кој би се ограничил увозот на прехранбени производи.


-Полска плаќа премногу висока цена за одлуката да започне слободна трговија со Украина, нагласи Туск. мс/фото: ЕПА .

Извор: МИА