Breaking News

Попов: Иднината која ја посакуваме ни е на дофат, иднина која ја креираме самите


Доста е од криминал, непотизам и корупција. Доста е од задоволување на лични интереси и богатење врз грбот на народот.


Доста е од кратењето на перспективи и можности за младите луѓе и доста е од егзодусот на младите од Македонија, истакна Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.


-Со години сме директни сведоци на неправдите кои ни се нанесувани, а во прво лице сведочиме како власта крати од нас, за да има за сопствените матни зделки, тендери во четири очи, криминални постапки кои го осиромашуваат македонскиот народ, а истовремено и ги распродаваат националните интереси и се’ она што е светост за нас.

Само вчера објавивме информации според кои владата пренаменува стотици милиони денари од програмите и потпрограмите за основно и средно образование, пари за студентски и ученички домови, пари кои наместо во иднината, се инвестираат во тендери за уживање во уште некој ден поминат во владата, порача Попов денеска во Велес на 32-годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Иднина сега и со нас!“„Иднина сега и со нас“, како што потенцира Попов, е паролата која ќе придонесе во остварувањето на целите на младите.


-Ова не е обичен предизборен или партиски слоган, туку една критична пресвртница во начинот на кој се воделе политики низ годините во Македонија.

Иднина сега и со нас е крикот на секој млад човек и граѓанин на Македонија на кој му се здосади од слушање приказни за подобро утре од политичари кои зад зборовите за иднината и прогресот, 6 години водат само погубни политики за младите.


Унијата на млади сили е младина која од година во година ги докажува своите квалитети, младина која е непоколеблива кога во прашање е Македонија и младите, младина која од ден во ден се повеќе расте и организација која околу себе ги обединува сите млади кои се уморни од неправдите, рече Попов.

фф/нд/Фото: ВМРО-ДПМНЕ .


Извор: МИА