Breaking News

Поплавени куќи по синоќешниот дожд во Куманово


Регионалниот ЦУК Куманово известува дека по силниот пороен дожд што го зафати градот Куманово, во вечерните часови, а поради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количества вода, дошло до поплавување на куќи.


 Екипите од ТППЕ Куманово биле излезени на терен за испумпување на вода во село Черкезе. ЈП „Водовод“, била на ул.


Никола Вапцаров каде што известува дека поради подигнување на нивото на реката има поплава на улицата, и на ул. „Србо Томовиќ”, бр. 36.

Таму имало поплавени подрумски простори, но случајот не можел да се реши веднаш и водата треба да се повлече. ев/ .


Извор: МИА