Breaking News

Пониски продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар


Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,9 отсто на месечно ниво и за 3,9  отсто на годишно ниво.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2023 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0,7 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,6, Капитални производи за 0,8  и Нетрајни производи за 1,3 отсто.


Во споредба, пак, со ланскиот октомври, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 11,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 9,5 и Капитални производи за 6,9 отсто.

вј/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА