Breaking News

Помалку претстави, но со повеќе публика


Bо периодот 2022/2023 година, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри во земјава е намален за 1 %, додека бројот на посетителите е зголемен за 27 % во однос на периодот 2021/2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.


Просечниот број на посетителите на една претстава изнесувал 195.


Во периодот 2022/2023 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 38 %, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 105.

3 % во однос на периодот 2021/2022 година. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 18. 7 %, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 35.


3 % во однос на периодот 2021/2022 година. Во периодот 2022/2023 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е намален во однос на периодот 2021/2022 година.

Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2022/2023 година, во споредба со 2021/2022 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.


са/дма/Фото: МИА архива .

Извор: МИА