Breaking News

Полска ги предупреди САД дека ќе бидат одговорни доколку Русија напредува на бојното поле во Украина


Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски го повика претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон, да дозволи гласање за новата американска помош за Украина.


Во обраќањето до тинк-тенкот на Атлантскиот совет, Сикорски истакна дека Џонсон ќе биде виновен доколку законот не биде усвоен, додека Русија напредува на бојното поле.


– Затоа би сакал да знае дека целиот свет гледа што ќе направи и доколку не помине дополнителната помош и Украина претрпи пресврти на бојното поле, тоа ќе биде негова одговорност, изјави полскиот шеф на дипломатијата.

 Џонсон го распушти Претставничкиот дом на две недели без претходно да го стави на гласање пакетот помош од 60 милијарди долари за Украина, кој беше усвоен од Сенатот на почетокот на овој месец.


– Криминалното семејство на диктаторот ја помага и поддржува убиствената инвазија на рускиот претседател Владимир Путин на Украина, рече Сикорски, мислејќи на воената помош што Иран и Северна Кореја наводно и ја даваат на Москва.

Тој додаде дека резултатот од победата на Русија во Украина ќе биде присуството на повеќе „насилници“ на светската политичка сцена, повикувајќи го Мајк Џонсон „да дозволи демократијата да го следи својот пат“.


мс/фото: МИА архива .

Извор: МИА