Breaking News

Погребан поранешниот кинески премиер Ли


– Посмртните останки на поранешниот кинески премиер Ли Кечијанг денеска се кремирани на гробиштата Бабаошан во Пекинг.


Во знак на жалост знамињата се спуштени на половина копја на Плоштадот Тјенанмен во Пекинг.


На погребот на Ли присуствуваа претседателот Си Џинпинг и неговата сопруга, заедно со уште шест членови на Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија, највисокото ниво на политичка моќ во Кина, како и потпретседателот Хан Женг.

Поранешниот кинески претседател Ху Џинтао не присуствуваше на погребот но испрати венец. Пораките за починатиот премиер ги преплавија социјалните мрежи.


Платформата Веибо, која ја замени иконата „ми се допаѓа“ со цвет од хризантема, која симболизира жалост, десетици илјади луѓе оставија коментари со кои се збогуваа со Ли.

Хаштагот за тага поради смртта на Ли на Веибо имаше 430 милиони прегледи.  ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА