Подмадокот на АфД прогласен за екстремистички


Канцеларијата за заштита на уставниот поредок по четиригодишно набљудување го прогласи подмладокот на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) за екстремистичка организација.


Веќе нема сомнеж дека подмладокот на АфД има цели кои се против уставниот поредок на Сојузна Република Германија“, изјави директорот на оваа канцеларија Томас Халдеванг.


Од 2019 година, канцеларијата ја стави под надзор младинската организација АфД, следејќи ги нејзините активности поради сомневања за екстремизам.

Заедно со подмладокот на АфД, како десничарски екстремистички организации беа прогласени и други две здруженија, кои меѓу политиколозите се познати како делови на „Новата десница“.


„Позициите на овие организации не се компатибилни со Уставот“, рече Халдеванг.

Во образложението на одлуката се наведува дека организациите кои беа окарактеризирани како екстремно десни „ имаат за цел да ги оттргнат групите што ги сметаат за странски“ и се обидуваат да ги позиционираат овие позиции како општествено прифатливи.


Задача на Управата за заштита на уставниот поредок е, заради заштита на слободниот демократски поредок, јасно да укаже на ваквите заложби“, се вели во образложението.

Младите на АфД, како што е наведено, се обидуваат да ги окарактеризираат имигрантите кои доаѓаат од земји надвор од Европа како групи кои е невозможно да се интегрираат во германското општество, а со тоа шират непријателство и поттикнуваат омраза насочена против овие имигрантски групи.


рп/Фото: ЕПА .

Извор: МИА