Под мотото „Хероите живеат вечно“ во Карпинскиот манастир кај кумановско Орах, панихида во чест на Чедо Додевски


Во Карпински манастир или „Воведение на Пресвета Богородица” сместен во близина на кумановското село Орах, денеска ќе биде одржана панихида во чест на бранителот и херојот Чедо Додевски под мотото „Хероите живеат вечно“, соопштија од Синдикатот на полиција во Македонија.


  Целта на панихидата и на маршот, се додава во соопштението, е да се промовира и тргне од заборав ликот и делото на Чедо Додевски.


– Чедо Додевски (Куманово, 1956 – Слупчане, Кумановско, 13 февруари 2001) бил македонски бранител, сообраќаен полицаец и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година.

Чедо Додевски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Република Македонија, се наведува во соопштението.


Почесен гостин на настанот, најавуваат од Синдикатот на полиција во Македонија, ќе бидат митрополитот Кумановско – осоговски г. Григориј и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

цр/са/Фото: МИА архива .


Извор: МИА