Breaking News

Почнува втора „Дебата за Европа“


Со дискусија на тема „Косово меѓу позицијата на геополитички жетон и конфликтната реалност – панел дискусија“, денеска во Чифте амам почнува втора „Дебата за Европа“.


Како што е најавено, експерти, писатели и создавачи на јавното мислење ќе разговараат за некои од најитните прашања поврзани со европската перспектива на земјите од регионот и нивната важност за иднината на Европа.


 Дебатата продолжува во сабота, на 18 ноември, со панел на тема „Моќ и права.

Улогата на малцинствата и мнозинствата во Југоисточна Европа“, а ќе заврши со разговор и книжевно читање – „Литературата во време на конфликт“.  Организатори се Debates on Europe и Контрапункт.


мч/бак/ фото: Контрапункт   .

Извор: МИА