Breaking News

Почнува шестиот Меѓународен фестивал за кларинети Кларифест – Скопје 2024


Со концерт на ученици и студенти од музичките училишта и факултети во државата, вечер во КИЦ-Скопје (Салон 19:19) ќе биде отворен шестиот Меѓународен фестивал за кларинети Кларифест – Скопје 2024.


 Фестивалот ќе трае до 7 април и се состои од семинари, презентации и концерти за кларинет.


Гости оваа година ќе бидат реномираните професори и интернационални солисти на кларинет: Барбара Борович од Полска (професор на Музичката академија во Краков) и Весли Фереира од САД (професор на Факултетот за музика, театар и танц на Државниот универзитет во Колорадо).

Ќе следат дводневни семинари за кларинет и презентација на кларинети од брендот Селмер-Париз.


Свеченото затворање на фестивалот ќе биде в недела со камерен концерт на кој ќе настапат гостите солисти Барбара Борович – кларинет (Полска) во пијано придружба на македонската пијанистка Елена Атанасовска-Ивановска и Дуото ЖАКА од САД во состав Весли Фереира – кларинет и Џексон Вилиамс – гитара.

Концертот ќе се одржи во Музејот на македонската борба за самостојност.


Фестивалот е во организација на Здружението за култура и уметност „Артистико“ од Скопје, со поддршка од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска, ЖАКА мјузик, Селмер – Париз, СН Осигурителен брокер и др.

Влезот и за двата концерти ќе биде слободен. мд/Фото: Здружение за култура и уметност „Артистико“ од Скопје    .


Извор: МИА