Breaking News

Почнува петтиот Конгрес на гинеколози и опстетричари во Охрид


Петтиот Конгрес на гинеколози и опстетричари на Република Северна Македонија почнува денеска и ќе трае до недела.


Ќе се одржува во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, а организатор е Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО.


– Конгресот претставува собир за научна, образовна и социјална размена помеѓу гинеколозите и акушери од нашата држава, но и од повеќе европски држави – Италија, Турција, Малта, Португалија, Египет, Словенија, Хрватска, Србија, Албанија, а одржан во период на ветската недела на женското здравје, од 8 до 14 мај, ќе придонесе за унапредување на женското здравје преку ширење на нови знаења, промоција на истражувања и преку бројни дебати и дискусии – низ интеракција со предавачите и учесниците, ќе ги насочи здравствените работници до опипливи и практични заклучоци за актуелни клинички прашања, за етичките и јавно – здравствените прашања, за стандардите за лекување и технолошкиот напредок, информира организаторот.

Во сабота од 11 часот предвидена е прес-конференција на која ќе се обратат проф. д-р Горан Димитров, претседател на Македонското лекарско друштво, проф.


д-р Глигор Тофоски, претседател на МАГО, како и проф. д-р Ана Данева Маркова, продекан за специјализации и супспецијализации на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје. бд/бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА