Breaking News

Почна средбата на премиерот Ковачевски и министерката Тренчевска со здруженијата на пензионери


Во Клубот на пратеници почна средбата на премиерот Димитар Ковачевски и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска со претставници на здруженија на пензионери.


 Пензионерите во изминатиот период протестираа барајќи линеарно зголемување на пензиите поради зголемените животни трошоци.


 Министерката за труд и социјална политика во гостување на телевизија „Сител“ во средата изјави дека ова не е прифатливо решение бидејќи се доведува во прашање опстанокот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 – Кога зборуваме за линеарното зголемување, 336 илјади пензионери по неколку месеци може да не земат пензија. Овие средства сега не се од Буџетот на ПИОМ.


Мора да ја држиме стабилноста на ПИОМ, рече Тренчевска, оценувајќи дека линеарното зголемување на пензиите би било популистичко мерка.

 Со деветиот пакет антикризни мерки предвидени се и мерки за пензионерите со ниски примања. Во наредните пет месеци оние со пензија до 14 илјади денари ќе добиваат по 3.


000 денари месечно, со пензија од 14 до 16 илјади денари по 2. 000 денари месечно и оние со пензија од 16 до 19 илјади денари по 1. 500 денари месечно. За таа намена се предвидени 35 милиони евра.

хс/бак/Фото: МИА .


Извор: МИА