Breaking News

Почна амандманската расправа за Предлог Деловникот на Собранието пред матичната Комисија


Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска ја започна амандманската расправа по Предлог- Деловникот за работа на Собранието.


Поднесени се 1965 амандмани, најмногу од Левица – околу 1800.


Првите неколку амандмани кои се разгледуваа и беа отфрлени од предлагачот, претседател на Собранието Талат Џафери, беа поврзани со употребата на македонскиот односно албанскиот јазик за водење на седници и на работните тела.

Димитар Апасиев укажа дека водењето на седници и на албански јазик е противуставно.


Пратеничката Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека македонскиот јазик е единствен што се зборува на целата територија на земјата.

Дебата предизвика и амандманот пратениците кои зборуваат само македонски јазик да не добиваат материјали и на албански јазик.


Тоа, како што појасни пратеничката Силјановска Давкова од ВМРО ДПМНЕ го нема никаде во Европа.

Халил Снопче од АА рече дека е запрепастен од барањето на пратениците Македонци да не добиваат материјали и на албански јазик.


Апасиев од Левица истакна дека тогаш освен албанскиот јазик во Собранието треба да се воведе и турски јазик на пример. Апасиев рече дека не е уставно архивата да се води двојазично.

Ако е така, вели тој, тогаш архивата да се води и на други јазици.  Амандманската расправа за Деловникот почна по еднонеделни консултации меѓу пратениците откако Левица поднесе околу 1800 амандмани.

Разговори и консултации се водеа меѓу координаторите на пратеничките групи, Џафери и Левица.

Очекувањата на Џафери беа дека Деловникот, кој е резултат на разговорите во рамки на Жан Моне процесот, ќе се донесе со консензус. ев/са/ Фото: МИА .

Извор: МИА