Почина Велибор Џаровски-Џаро


По кратко боледување, утрово на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, потврди неговото семејството.


Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена. . .


, на кои им организираше и турнеи. Тој има изјавено дека организирал 5. 000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Минатата година беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“.


Авторка на книгата е неговата ќерка, новинарка Милица Џаровска, која на еден забавен начин ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Книгата ја издаде издавачкиот центар „Три“.

мд/са/Фото: Принтскрин  .


Извор: МИА