Breaking News

Почина лидерот на Ал Каеда на Арапскиот полуостров


Огранокот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров (АКАП) ја објави смртта на својот водач Халид бин Умар Батарфи, соопшти денеска групата Сајд, која ги следи екстремистичките групи.


Ал Каеда на Арапскиот Полуостров објави фотографии од погребот на својот водач, телото завиткано во знаме со името на џихадистичката организација.


Во соопштението на Ал Каеда не е прецизирана причината за смртта на Батарфи. Него ќе го наследи Сад Бин Атеф Ел-Авлаки.

Батарфи беше назначен за водач на Ал Каеда на АКАП во 2020 година, по смртта на неговиот претходник Касим Ал-Римиј. Во 2018 година, САД го прогласија за меѓународен терорист. паг/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА