Breaking News

Почетен настан на проектот „Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово“


Во Тетово денеска ќе се одржи почетниот настан на проектот „Иновативни дигитални општинскирешенија во Општина Тетово”, во соработка со Фондацијата Албиз и со финансиска поддршка како дел од програмата финансирана од Европската унија “ЕУ за општините”.


Овој проект допринесува за подобрување на квалитетот на животот во општина Тетово преку дигитализација на комуналните услуги.


Ова ќе се постигне преку примена на ИКТ решенија за подобрување на урбаните и комуналните услуги на инспекторите, преку изградба на капацитет наопштинскиот и соодветниот персонал за користење на ИКТ платформата, како и преку застапување на употребата на ИКТ услуги од страна на граѓаните и претпријатијата.

сст/  .


Извор: МИА