Breaking News

По празниците УЈП ќе излезе со информација за компании од нафтениот сектор кои затајувале данок


По празниците се очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да излезе со информација за компании од нафтениот бизнис кои затајувале данок.


 Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денеска изјави дека до полноќ треба да заврши пописот во уште една бензинска пумпа и дека станува збор за мрежа во која се вклучени и три добро познати бензински пумпи од различни региони во државава.


 – Денеска до полноќ треба да  завршиме со попис во една бензинска пумпа. Оди малку потешко соработката со даночниот обврзник.

Целиот капацитет од Регионалната дирекција на УЈП во Штип ќе биде вклучен во спроведувањето на пописот.


Станува збор за една посебна мрежа, но и за три познати бензински пумпи од различни региони од државата по што по завршување на пописот и по празниците ќе дадеме соодветно известување, рече Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање по денешната заедничка прес-конференција со министерот за финансии Фатмир Бесими и директорот на Царинската управа Стефан Богоев.

бак/лв/Фото: МИА архива .


Извор: МИА