Breaking News

По четири месеци во Џабалија пристигна хуманитарна помош


– Израелската армија дозволи девет камиони со хуманитарна помош да влезат во северниот дел на Појасот Газа, вклучително и во Џабалија, во Беит Ханун и во Беит Лахија.


Тоа е првпат по четири месеци во Џабалија да биде доставена хуманитарна помош.


Хуманитарната помош е сместена во магацини кои припаѓаат на Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) и оттаму ќе биде дистрибуирана.

УНРВА ја спроведе првата редовна дистрибуција на помош во соработка со безбедносните сили на Владата на Газа и палестинските племиња.


Во дистрибутивниот центар пристигнаа стотици Палестинци, а на секое семејство му беа дадени по пет килограми брашно. Помошта се состои од брашно, ориз, конзервирана храна и шеќер.

Според палестинското Министерство за здравство, најмалку 27 лица починаа од неисхранетост и дехидрација во Појасот Газа како резултат на израелската блокада.


Според Обединети нации, поради израелската офанзива, 85 отсто од населението на Појасот Газа е внатрешно раселено и се соочува со акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништени.

 ми/фото: МИА архива .


Извор: МИА