Breaking News

По 30 минути се чека на „Табановце“ и „Богородица“


По половина час се чека на граничните премини „Табановце“ за влез во земјава и на „Богородица“ за излез кон соседна Грција, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.


 На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.  Поради летните одмори, гужви на овие гранични премини имаше и вчера.


бак/Фото: МИА архива .

Извор: МИА