Breaking News

Платформата „Наука за деца“ ќе додели награда „Иван Ќостаров“


Во пресрет на Втората научна конференција за деца, која ќе се одржи на 7 октомври, платформата „Наука за деца“ ја востановува наградата за извонреден научен потенцијал „Иван Ќостаров“ во вредност од 30.


000 денари. -Се повикуваат сите ученици и ученички од шесто до деветто одделение во основните училишта низ државата, кои имаат научен потенцијал, да се обидат да го зголемат уште повеќе.


Едноставно, треба да ни покажат колку ја сакаат науката, колку се добри во тоа што го сакаат и што конкретно би направиле за да станат уште подобри, соопшти тимот од „Наука за деца“.

За да се пријават за наградата, учениците во е-формуларот кој е достапен во повикот, треба „во најмногу пет точки“ да кажат што сакаат во науката, зошто и како мислат дека науката може да придонесе за личен или за развој на општеството;-Да ни кажете за што би ги употребиле средствата од наградата и зошто ви е важно тоа.


Внесете го тоа во овој формулар и пријавени сте, се наведува во повикот до учениците.

Организаторите посочуваат дека новата награда е именувана по  македонскиот електроинженер и софтвер-архитект Иван Ќостаров кој, меѓу другото, со уште неколкумина го составил првиот компјутер во Македонија.


Повикот за наградата е отворен од 21 септември до 1 октомври.

Стручно жири  ќе ги оценува апликациите, а одлуката за доделување на наградата ќе биде соопштена на 7 октомври, за време на Втората научна конференција за деца.


хс/дма/Фото: Платформа „Наука за деца“ .

Извор: МИА