Breaking News

Платата за ноември во Тетовската гимназија исплатена денеска по два часа предупредувачки штрајк на вработените


Наставниците од тетовската Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ денеска 11 дена по законскиот рок за исплата на плата ги добија личните доходи за ноември.


Според информациите од наставниците, платата им стигнала околу 10 часот на сите за време на третиот час од првата смена, откако првите два часа не одржуваа настава.


– Се собравме тука, затоа што ние сме единствено школо во цела Македонија коешто и до денес немаше примено ноемвриска плата и е пробиен законски рок во кој треба да ја добиеме.

Имавме предупредувачки штрајк, не сакаме истиот да продолжи, треба учениците да се оценат затоа што доаѓа крајот на полугодието. Но сакаме и обврските што ги има државата т. е.


Министерството да си ги подмири обврските, односно редовно да добиваме плата, информираше професорот Марко РафајловскиОд јули 2023 година Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ е под ингеренции на Министерството за образование и наука.

На 20 и 21 декември двата објекти на Гимназијата беа и без снабдување со електрична енергија поради неплатени сметки и побарувања на извршители.


Минатата недела Секторот за јавни дејности за Општина Тетово побара Министерството за образование да ги врати назад надлежностите за Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ со цел да нема проблемите во Гимназијата.

ас/мд/фото: МИА архива .


Извор: МИА