Писториус: Германија ќе игра водечка улога во одбраната на балтичките земји


Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска ги увери балтичките земји дека можат да сметаат на Германија за да ја одврати Русија, јави ДПА. „Германија ја презема одговорноста.


А, Германија ќе игра водечка улога“, рече Писториус на конференцијата во естонскиот главен град Талин во врска со безбедносните прашања.


Тој, исто така, ја увери Украина за долгорочна германска поддршка во нејзината одбрана од руските сили. „Остануваме со (Украинците) онолку колку што е потребно“, рече Писториус.

Тој предупреди на страшни последици доколку рускиот претседател Владимир Путин успее да ги постигне своите цели.


„Путин користи гнасни, криминални и нехумани методи“, рече германскиот министер за одбрана, потврдувајќи ги плановите за распоредување бригада на Бундесверот во Литванија. Планирано е 4.

000 германски војници, како и нивните семејства, постојано да бидат сместени во земјата, а деталите ќе бидат разјаснети до крајот на годината.


„Ќе распоредиме германски воен персонал во Литванија штом ќе се изгради потребната инфраструктура“, рече Писториус. паг/Фото: ЕПА   .

Извор: МИА