Петровска: Продолжуваме да инвестираме во безбедноста, следната година влегуваме во процес на набавка на дронови за македонската Армија


Министерката за одбрана Славјанка Петровска вечерва во емисијата Click Plus на ТВ21 говореше на повеќе теми поврзани со одбраната, вклучувајќи го и буџетирањето на одбраната и инвестициите во нова и модерна опрема за Армијата каде најави дека следната година, и формално одбраната ќе влезе во процес на набавка на дронови за потребите на Армијата на Република Северна Македонија.


Според неа, направени се анализи за тоа во кои сегменти од одбраната дроновите можат да бидат искористени.


Извор: МИА