Breaking News

Пендаровски – O’Брајан: САД очекуваат Северна Македонија да го продолжи патот кон полноправно членство во ЕУ


Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Светскиот економски форум во Давос, остварил средба со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт департмент.


Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, на средбата се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските интеграции на Северна Македонија, за реформскиот процес, како и за политичките состојби во нашата држава и во регионот.


На средбата била реафирмирана поддршката на САД за европските аспирации на Северна Македонија, и било изразено очекувањето од официјален Вашингтон дека државата ќе го продолжи патот кон полноправно членство во Европската Унија.

дма/аа/Фото: Кабинет на Претседателот на  Република Северна Македонија  .


Извор: МИА