Breaking News

Пендаровски на Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, во Обединетите Арапски Емирати


Претседателот на државата Стево Пендаровски, кој учествува на дводневната Конференција на Обединетите нации за климатски промени – COP28, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, денеска ќе се обрати на Сегментот на високо ниво за шефовите на држави или влади.


 Како што соопштија од кабинетот на Пендаровски, предвидено е тој да оствари повеќе билатерални средби за време на учеството на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени – COP28.


цр/Фото:МИА архива .

Извор: МИА