Пендаровски: Богојавление – Водици да ни даде сила и добра мисла за да се соочиме со искушенијата што ни претстојат и да работиме на просперитетот на…


Претседателот на државата Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани кои го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.


г. Стефан. – И годинава на големиот празник повторно ќе ја посведочиме светата тајна на крштевањето.


На величествените собири покрај нашите води, како што се полни бреговите со верници, така и нашите срца да бидат исполнети со вера, надеж и љубов.

Нека Богојавление – Водици ни даде сила, смирение и добра мисла за да се соочиме со сите искушенија кои ни претстојат во годината која штотуку започна и заеднички да работиме на просперитетот на нашата татковина и благосостојбата на сите наши граѓани.


Да бидеме грижливи и милосрдни и да си даваме поткрепа едни на други, постојано дарувајќи љубов и ширејќи позитивна енергија, се наведува во честитката од претседателот Пендаровски.

бак/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА