Breaking News

Пехчево го одбележа Денот на ослободувањето


Пехчево денеска го одбележува општинскиот празник –  7 Септември, Ден на ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор.


По тој повод повеќе делегации од општествено-политичкиот живот положија цвеќе пред споменикот на херојот „Ванчо Китанов“ на градскиот плоштад во Пехчево.


Градоначалникот Александар Китански на сите граѓани на Општина Пехчево им упати честитки нагласувајќи дека ова е еден од најсветлите датуми во историјата на Пехчево.

 -Денешниот датум 7-ми Септември е круна на вековниот стремеж на нашиот народ за слобода.


Ние денеска водиме мирнодобски битки со цел подобрување на условите за живот со осврат на сите постигнати резултати, рече Китански.

По положувањето на свежо цвеќе на споменикот на „Ванчо Китанов“ на плоштадот „Свети Петар и Павле“, во Пехчево се оддржа свечената седница на Советот на општината.


 Во рамки на свечената Седница во домот на културата “Јане Сандански”, беа доделени благодарници на заслужни граѓани, здруженија и компании кои дадоа несебичен придонес за развој на заедницата.

вс/љм/Фото: МИА .


Извор: МИА