Breaking News

Педесет милитанти загинаа во израелски напад врз болницата Ал Шифа во Газа


Уште 50 милитанти се убиени во офанзивата на израелската армија врз болницата Ал Шифа во градот Газа, соопшти денеска армијата.


– Во изминатиот ден во размената на оган беа елиминирани над 50 терористи, соопшти армијата, додавајќи дека од почетокот на операцијата пред неколку дена во реонот на болницата биле елиминирани повеќе од 140 милитанти.


Израелските сили објавија и дека пронашле складишта за оружје. Цивилите, пациентите и лекарите не се повредени, а медицинската опрема не е оштетена, тврдат од армијата. рп/Фото: Икс .

Извор: МИА