Breaking News

Педесет и осум крвни единици обезбедени во крводарителска акција во Кавадарци 


Педесет и осум крвни единици се обезбедени во денешната доброволна крводарителска акција во Кавадарци, информираше попладнево Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.


 -Акцијата беше спроведена во Домот на културата ,,Иван Мазов -Климе”, во организација на Црвен крст Кавадарци, а се реализираше од ИТМ – Скопје.


Респект за сите дарители кои даруваа крв, а голема благодарност и до раководството и вработените од Домот на културата за отстапениот простор и тоа што беа одлични домаќини.

Благодарност и до  службата на ИТМ со која имаме одлична соработка, истакна Каракулев.


Тој подвлече дека крводарителите од општините Кавадарци и Росоман, се  секогаш на врвот по бројот на остварени крводарувања. свд/Фото: МИА  .

Извор: МИА