Папата упати повик до религиите на КОП28 да се спротивстават на климатските промени


– Папата Франциск денеска ги повика светските лидери да дејствуваат заеднички за да се спротивстават на климатските промени во обраќањето пред верскиот павилјон поставен на Конференцијата на ОН за климатски промени КОП28.


– Како претставници на религиите, да дадеме пример за да покажеме дека промените се можни и да сведочиме за одржлив начин на живот полн со почит.


Со силен глас, да ги молиме водачите на нациите да се зачува нашиот заеднички дом, рече Франциск во видео порака. Папата не можеше да отпатува за Дубаи поради болест.

– Важно е религиите, без да паѓаат во замката на синкретизмот, да дадат добар пример работејќи заедно: не за нивните сопствени интереси или интересите на една страна, туку за интересите на нашиот свет, нагласи Франциск.


– Денес најважни се мирот и климата, рече тој. – Ова од нас го бараат особено младите и сиромашните, чии молитви допираат до престолот на Севишниот.

За нивната иднина и иднината на сите, да го заштитиме создавањето и да го заштитиме нашиот заеднички дом; да живееме во мир и да промовираме мир, заклучи папата. јт/Фото: Ватикан њуз скриншот .


Извор: МИА