Breaking News

Папата повторно го осуди „лудилото на војната“


Поглаварот на Римокатоличката црква денеска повторно ги осуди сите војни, неколку дена откако ги налути Киев и западните престолнини, сугерирајќи дека Украина треба да се предаде и да преговара за мир со Русија.


Папата Франциск за швајцарската телевизија РСИ изјави дека Украина треба „да ја покаже храброста на белото знаме“ и да ги отвори преговорите со Русија, додека неговиот заменик, кардиналот Пјетро Паролин, вчера појасни дека Русија прво треба да престане со својата агресија, пренесуваат британските медиуми.


-Многу млади луѓе ќе загинат (во војна). Го молиме Господ да ни даде милост да го надминеме ова лудило на војната, кое секогаш е пораз, рече папата на аудиенција на плоштадот Свети Петар на Ватикан.

Тој денеска директно не ја спомена Украина или која било друга зона на конфликт, но кажа дека претходно добил бројаница и копија од Евангелието што му припаѓале на човек кој бил убиен на неодредена линија на фронтот.


сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА