Breaking News

Папата Франциск упати молитви за погодените од поплавите во Казахстан


Папата Франциск денеска повика на молитви за жртвите од големите поплави во Казахстан, кои зафатија многу региони на оваа централноазиска земја и принудија илјадници луѓе да се евакуираат.


За време на општата аудиенција тој побара молитви за оние кои „страдаат од конфликтот во Светата земја, Украина и Мјанмар“.


„Сакам да ја пренесам мојата духовна блискост на луѓето во Казахстан во овој момент.

Ги повикувам сите да се помолат за сите што ги трпат последиците од оваа природна катастрофа“, истакна папата Франциск, пренесува „Ватикан Њуз“. рп/Фото: МИА архива .


Извор: МИА