Breaking News

Панел дискусија за придобивките од Берлинскиот процес


– Панел дискусија „Придобивките од Берлинскиот процес за Северна Македонија: Осврт на сработеното во делот на заедничкиот регионален пазар со фокус на роамингот“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на  Институтот за демократија (ИДСЦС).


Целта на настанот е да иницира дијалог за преземените заложби од Берлински процес, преку кратка презентација на досегашните успеси и предизвици на Берлинскиот процес кои спаѓаат во акциските планови за имплементацијата на заедничкиот регионален пазар и зелената агенда.


Посебен фокус ќе биде ставен на роамингот како резултат од Берлинскиот процес. вј/мд/Фото: МИА архива .

Извор: МИА