Breaking News

Панел-дискусија во Скопје: Верификација на изворите за борбата против дезинформации


Панел-дискусија „Верификацијата на изворите и информациите во борбата против дезинформациите и медиумските манипулации“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“, поддржан од Амбасадата на САД.


На панел-дискусијата, како што соопштуваат од Центарот за развој на медиуми, ќе биде претставен „Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“, издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre).


Преводот на прирачникот, на македонски и на албански јазик, беше подготвен во рамки на овој проект.

Говорниците на панел-дискусијата, искусни новинари и практичари во областа на проверката на факти и раскринкување на дезинформациите, ќе говорат за различни аспекти на верификацијата на информациите и проверката на фактите, како и за улогата на мејнстрим медиумите во борбата против дезинформациите.


дма/мд/Фото: МИА архива  .

Извор: МИА