Панел-дискусија „Најголемите проблеми на граѓаните и државата“


Балканскиот центар за конструктивни политики „Солуција“ денеска организира панел-дискусија „Најголемите проблеми на граѓаните и државата“.


Како што информираат од „Солуција“, на панелот ќе се анализираат добиените резултати од спроведена анкета за тоа какви се перцепциите на македонските граѓани околу најголемите предизвици со што се соочуваме како општество, што ја изработила агенцијата „Проспект М“ по нарачка на „Солуција“.


Организаторите најавуваат дека на дискусијата ќе учествуваат Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија „Социетас цивилис“.

фф/бак/Фото: МИА архива .


Извор: МИА