Панел дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“


Панел дискусија „Градење отпорност преку ефективно планирање на континуитетот на бизнисот“ ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија и УНДП.


Како што соопштија од Стопанската комора, панел дискусијата е наменета да биде платформа за споделување идеи и искуства помеѓу индустриските лидери и чинители, каде ќе може да се слушне за најдобрите практики и стратегии што се користат за градење отпорност и континуитет во бизнисот.


-Идејата за овој панел дојде од одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, еден од најтрагичните настани во нашата историја.

Во тој контекст сакаме да ја отвориме темата за градењето отпорност и значењето на ефективното планирање на континуитетот на бизнисот, посочија од Стопанската комора.


Пред почетокот на настанот, најавени се изјави на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП за Северна Македонија.

бт/аа/Фото: МИА архива  .


Извор: МИА