Breaking News

Панел дискусија „Демографските предизвици и можности за одржлив развој на Северна Македонија”


 „Демографските предизвици и можности за одржлив развој на Северна Македонија” е темата на панел дискусијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во Скопје, во соработка со Институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје.


Панел дискусија е фокусирана на клучните демографски трендови што влијаат на социо-економскиот развој на општеството и е во светло на Извештајот за состојбата на светското население – SWOP 2023 што УНФПА го објавува секоја година.


Дискусијата, како што е најавено од организаторот, ќе ја отворат Афродита Шаља, шефица на Канцеларијата на УНФПА во Скопје и Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет, а излагачи ќе бидат Марија Димитровска, аналитичарка на програма, население и развој, Фонд за население на Обединети нации (УНФПА) во Северна Македонија, проф.

д-р Аница Драговиќ од Институтот за социологија,  Катерина Костадинова Даскаловска, независен консултант за статистика и пописи на население и домаќинства,  Кристијан Фидановски, докторанд на Универзитет Оксфорд.


Програмата за демографска отпорност на УНФПА има за цел да ги поддржи капацитетите на земјите во регионот во развивање на популациони и социјални политики и програми како одговор на демографските промени, зајакнување на човечкиот капитал и градење на просперитетна иднина.

дма/бак/ Фото:МИА архива .


Извор: МИА