Breaking News

Палестински претставник во ОН: Блокадата на Газа предизвика страдање на цивилите


Израелската блокада на Газа не ги уништи воените капацитети на Хамас, туку само нанесе страшни страдања на целото цивилно население, изјави „постојаниот набљудувач на Палестина во Обединетите нации“, Ријад Мансур.


Тој изрази загриженост дека израелската влада може да ги толкува пораките за „правото на Израел да се брани“ како „дозвола за убивање“ и повика на итен состанок на Арапската лига во Каиро во следните неколку дена, јавува Би-Би-Си.


Мансур рече дека Палестинците „не се подлуѓе“ и дека никогаш нема да прифати реторика која „ја оцрнува нивната хуманост, ги негира нивните права, ја игнорира окупацијата на нивната земја и угнетувањето на нивниот народ“.

ссм/фото: ЕПА .


Извор: МИА