Breaking News

Палестински медиуми: 18 цивили загинаа, десетици се повредени во израелски напад врз камп во Газа


Најмалку 18 цивили се убиени, а десетици се повредени во израелски напад врз кампот Нусејрат во центарот на Газа, јави палестинската агенција ВАФА.


Локални извори соопштија дека израелски воени авиони бомбардирале куќа источно од кампот, при што загинале најмалку 18 лица, а десетици се ранети.


Во друг воздушен напад, уништена е фабрика за десалинизација вода во градот Џабалија.

Според палестинската Црвена полумесечина, израелски авиони извршиле воздушни напади и пред болницата Ал-Амал во Кан Јунис. ссм/фото: архива .


Извор: МИА