Breaking News

Пакистански новинар исчезнат со месеци се враќа дома


– Пакистански новинар познат по неговата поддршка на затворениот поранешен премиер Имран Кан се врати дома околу четири месеци откако исчезна, соопшти полицијата и неговите колеги.


Имран Ријаз Кан, телевизиски водител и Јутјубер, исчезна во мај неколку дена откако избувнаа немири низ Пакистан по апсењето на поранешниот премиер Кан под обвинение за мито.


Судот во централната провинција Пенџаб и нареди на полицијата да го пронајде, но неговото место на живеење остана непознато. Се верува дека го држеле моќните шпионски агенции во земјата, пренесе ДПА.

Имран Ријаз Кан, кој не е поврзан со Имран Кан, синоќа безбедно се врати дома, соопшти полицијата во неговиот роден град Сиалкот.


Семејството и адвокатот на Кан го потврдија неговото враќање, но нема информации за тоа кој го држел новинарот. Партијата на Имран Кан го поздрави овој потег, нарекувајќи го победа на вистината.

Анвар Раза, претседател на националниот прес-клуб на земјата во главниот град Исламабад, рече дека разговарал со Кан и оти бил во добро расположение. јт/Фото: Фејсбук принтскрин .


Извор: МИА