Breaking News

Пад во трговијата на мало со храна, пијалаци, горива


  Во трговијата на мало, во август годинава во споредба со август минатата година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано само кај номиналната стапка во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво за 3.


9  проценти.


Како што објави Државниот завод за статистика, кај останатите групи е забележан пад и на номиналната и на реалната стапка и во: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 4,7  проценти, а реално за 12,9  проценти), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 0,6 проценти, а реално за 8,2 проценти) и во Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 18,8 проценти, а реално за 9,8 проценти).

лв/црфото: МИА архива   .


Извор: МИА