Breaking News

Отворена изложбата „По трагите на разлевањето“ на Славица Танеска


Самостојната изложба на Славица Танеска – „По трагите на разлевањето“ синоќа беше отворена во Галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.


Како што соопшти Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, ова е нејзина осма самостојна изложбата која претствува избор на дела од повеќе разнородни тематскки циклуси посветени на акварелот, кој уметницата го истражува подолг период.


Овој проект е поддржан од Град Скопје и од Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје во рамки на Годишната програма од областа на визуелните уметности, дизајн и архитектура и во рамки на Скопје 2028 – Европска престолнина на културата.

Изложбата ја отвори Виолета Калиќ, историчар на уметноста, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.


 Славица Танеска е учесник на преку 45 групни изложби од меѓународен карактер, ликовни колонии, симпозиуми, фестивали во земјата и надвор.

Добитничка е на повеќе награди и признанија и автор на книгата „По трагите на времето“. Учесник е на бројни  годишни тематски изложби во Галерија „КО-РА“.


Танеска дипломира сликарство во класта на проф Благоја Маневски на Факултетот за ликовна уметност во Скопје на Универзитетот„ Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Сега е асистент од областа на визуелните уметности  на Факултетот за арт и дизајн на Европскиот универзитет во Скопје. Дизајнот и подготовка на каталогот кон изложбата е на Славица Танеска.


мд/Фото: Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје .

Извор: МИА