Breaking News

Отворен преминот Брњак, Јариње и понатаму е затворен


– По десетдневната блокада утрово е отворен преминот Брњак, потврди за српските медиуми заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.


Тој додаде дека преминот Јариње сè уште е затворен.


Косовските власти ги затворија премините Јариње и Брњак по конфликтот во Бањска на 24 септември, во кој загинаа тројца Срби и еден припадник на косовската полиција.  ми/фото: МИА архива .

Извор: МИА